Најголемите загадувачи: Греење и стари автомобили – Нуредини: Општините и Град Скопје да преземат мерки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Воздухот во Македонија најмногу го загадуваат старите возила, вели министерот за животна средина, Насер Нуредини, додавајќи дека државата треба да инвестира во јавниот превоз.

На прашањето – што може да преземе Министерството за животна средина, во случај на недостиг на јавен превоз поради што граѓаните се принудени да патуваат со приватни автомобили кои загадуваат, Нуредини со одговор:

„Централната власт не може да интервенира во локалната власт, ова го пишува во Уставот на нашата држава. Можеме да предложиме какви мерки може да преземе локалната власт. Вчера разговарав со Град Скопје и рекоа дека веќе почнале да преземаат различни мерки. Сега, за јавниот превоз на градови или општини не можам да одговарам, барам од сите општини….“, вели Насер Нуредини.

– Што барате од општините?

„Бараме општините да направат сѐ што можат согласно нивните капацитети“, додава Нуредини.

Инаку, во последното појавување пред медиумите министерот Нуредини го презентираше буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2023 година, каде меѓу главните точки во кои ќе се инвестира е чиста вода за пиење во секој дом. Оваа програма тежи повеќе од 250 милиони денари, а преку неа општините ќе добијат поддршка за водовод и канализација.