Најмалку 11 лица повредени во американскиот напад врз Иран

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 11 лица се полесно повредени во американските напади врз нуклеарните постројки на Иран, а седум од нив веќе се отпуштени од болница, соопшти денес иранскиот Црвен крст.

Шефот на иранскиот Црвен крст, Пирхосеин Куливанд, додаде дека тројца работници на организацијата биле убиени во одделни напади на Израел на различни локации во Иран, како и дека бил погоден хеликоптер во сопственост на организацијата.

Објавено е дека нема зрачење во близина на нуклеарните постројки кои беа погодени од американските напади.