Најмалку 11 ранети во масовно пукање во САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 11 лица се ранети во масовно пукање на прославата по повод Денот на сеќавањето во крајбрежен град во Јужна Каролина, САД, соопштија властите.

Полицијата во округот Хори соопшти дека пукањето се случило во Литл Ривер, во близина на авенијата Вотсон, во недела околу 21:30 часот. по локално време, но не ја објави состојбата на повредените, пренесува АП.

Според полицијата, повредените лица се префрлаат во болници, а има извештаи дека има уште повредени.