Најмалку 12 лица, меѓу кои и шест малолетници, биле повредени ноќеска во пукање во Талахаси, во американската сојузна држава Флорида, во близина на стадионот „Браг Меморијал“ на Универзитетот за земјоделство и машинство на Флорида, соопштија денеска локалната полиција и универзитетот.
Според полициските информации, 11 од вкупно 12 повредени лица се здобиле со прострелни рани, пренесува „Ројтерс“.
„Во овој момент, најмалку три жртви на пукањето се здобиле со тешки повреди, додека девет лица се во стабилна состојба“, соопшти полициската управа во Талахаси.
