Најмалку 12 лица загинаа во пад на воен авион во Мјанмар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Најмалку 12 лица загинаа во пад на воен авион кај Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар.

Авионот се сруши кај селото Анисакан, а според локалниот портал Иравади, во авионот имало вкупно 16 лица.

Оваа земја од Југоисточна Азија е сцена на длабока политичка и безбедносна криза од 1 февруари, кога владата на лидерот Аунг Сан Су Kyи беше соборена со воен удар.