Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 17 лица загинаа од средата во невремето и поплавите што зафатија делови од САД, а оттогаш се пријавени повеќе од 90 торнада во 10 сојузни држави, објави денеска АБЦ Њус.

Временските услови опасни по живот продолжија и денеска, предизвикувајќи закани од големи поплави во Тенеси и Арканзас, како и закани од торнада во Луизијана, Алабама и Џорџија.

Меѓу жртвите на невремето е и деветгодишно момче во Кентаки, кое беше однесено од надојдените води додека одеше до автобуска станица, а неколку луѓе загинаа во југозападниот дел на Тенеси, откако силно торнадо го проби градот Селмер.