Најмалку 18 лица загинаа во свлечишта во Индонезија, десетици се водат како исчезнати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 18 лица загинаа во свлечишта во Индонезија, а десетици се водат како исчезнати, соопштија денес властите, наведувајќи дека операцијата за пребарување и спасување продолжува.

Властите велат дека спасувачката операција е комплицирана од фактот што луѓето останале закопани на длабочина од три до осум метри, објави Ројтерс. Голем број куќи и земјоделски објекти беа оштетени во лизгањата на земјиштето.

Минатата недела во покраината Централна Јава се активираа лизгања на земјиштето по обилните дождови.