Најмалку 19 лица загинаа, 13 се водат како исчезнати во тајфунот Буалои, кој го погоди Виетнам, соопшти Министерството за земјоделство и животна средина на таа земја.
Во прелиминарниот извештај на министерството беше наведено дека 88 лица се повредени, објави ВНА.
Виетнамскиот премиер Фам Мин Чин потпиша официјална наредба, со која се повикува на итна акција за помош на луѓето погодени од разорните последици од тајфунот и поплавите што следеа.