Најмалку 30 исчезнати во поплави во Германија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Околу 30 лица се водат како исчезнати по уривање на шест куќи во германскиот град Шулд, во провинцијата Рајнланд-Фалц, поради поплави и поројни дождови, објави локалната РТВ – Ес-Ве-Ер.

Вонредна состојба е прогласена во Рајнска област-Пфалц.

„Сериозна е ситуацијата, поплавени се патиштата, и не можеме да пристапиме кон многу села“, рече претставникот на локалната самоуправа, Јулија Гизекинг.

Ситуацијата може да се вложи, затоа што метеоролозите предвидуваат нови врнежи и невреме во југозападните делови на Германија и денеска и во текот на утрешниот ден.