Најмалку 45 лица се повредени во руски напад со беспилотни летала врз украинскиот град Харков, објави Укринформ.
Се наведува дека руските сили извршиле масовни напади во текот на ноќта врз Харков и брз Днепар.
Меѓу повредените има две деца и една бремена жена, изјави Олег Синегубов, началникот на Воената администрација во Харков.
„Бројот на жртви од нападот врз Харков се зголеми на 45. Од нив, 31 лице претрпеле акутна стресна реакција, 14 лица се повредени со различен степен на сериозност. Пет лица се хоспитализирани“, истакна тој.
Како што изјави, 13 екипи на брза помош се распоредени низ целиот град и им пружаат помош на повредените, од кои петмина во моментов се хоспитализирани.
Агенцијата „Униан“ известува дека се уништени станбени згради, гаражи и инфраструктура, а оштетени се и автомобили.
