Најмалку 59 лица загинаа во циклонот Гезани на Мадагаскар минатата недела, а 15 се водат како исчезнати, соопшти денес Канцеларијата за управување со катастрофи.
Во соопштението се наведува дека 804 лица се повредени во циклонот, објави Ројтерс.
Се нагласува дека 16.428 лица биле раселени поради циклонот, додека 423.986 лица ги почувствувале последиците од природната катастрофа.
Циклонот Гезани го погоди Мадагаскар само 10 дена откако тропскиот циклон Фитија уби 14 лица, а расели повеќе од 31.000, според хуманитарната канцеларија на Обединетите нации.
Гезани имал брзина од 185 километри на час, со налети на ветер до речиси 270 километри на час.
