Најмалку 60 лица загинаа во израелските напади врз Газа во текот на ноќта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 60 лица, меѓу кои и голем број деца, беа убиени за време на израелските воздушни напади врз Појасот Газа во текот на изминатата ноќ, соопштија локалните болнички претставници.

Нападите се случија откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската да изврши „силни напади“ врз Газа, обвинувајќи го Хамас за кршење на прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври, објави АП.

Болницата „Акса“ во централниот град Деир ел-Балах објави дека во текот на ноќта ги примила телата на најмалку 10 лица, меѓу кои три жени и шест деца, убиени во два израелски воздушни напади.