Најмалку 90 мртви во експлозија во рудник во Кина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Експлозија се случила во петок околу 19:30 часот по локално време во рудникот Лиушенју во округот Чинјуан, објави државната новинска агенција „Синхуа“.

Во моментот на несреќата под земја имало 247 работници.

Бројот на загинати во текот на саботата нагло се зголемил, а спасувачките екипи и понатаму трагаат по исчезнатите.

Си Џинпинг бара „максимални напори“

Кинескиот претседател Си Џинпинг ги повика итните служби да ги засилат спасувачките акции и да направат сè за пронаоѓање на исчезнатите работници и згрижување на повредените.

Според наводите на „Синхуа“, Си побарал и детална истрага за околностите на несреќата.

Кинеските власти соопштија дека лицето одговорно за компанијата поврзана со рудникот е ставено „под контрола согласно законот“.

На терен испратени 345 спасувачи

На местото на несреќата се упатени шест специјализирани спасувачки тимови со вкупно 345 припадници.

Провинцијата Шанси, каде што се случила несреќата, е едно од главните кинески центри за производство на јаглен.

Иако Кина во последните години ги заостри безбедносните стандарди, несреќите во рудниците и понатаму се чести поради лоши безбедносни услови, застарена инфраструктура и голем притисок за производство.