Автобус полн со патници кој сообраќал од екирдаг до Анталија, се превртел откако не успеал да помине низ кривина на Северната обиколница на Анталија во близина на населбата Дошемеалти. Според првичните извештаи, во несреќата загинале 8 лица, а 26 се повредени.
Патничкиот автобус бил на „Бузлу Туризам“, при што се превртел на една од клучките во близина на Ангалија.
„Според првичните информации, осум лица за гинаа, 26 се повредени“, рече гувернерот на Анталија, Хулуси Ѓахин.
Дел од повредените се во критична состојба, а идентитетот на загинатите ќе биде објавен во текот на денот.
