Најмалку шест лица загинаа во пукотница во Бангкок

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку шест лица загинаа утрово во пукотница на пазар во главниот град на Тајланд, Бангкок, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека меѓу жртвите е и напаѓачот, кој извршил самоубиство, објави Ројтерс.

Напаѓачот убил четворица обезбедувачи на пазарот кои продавале земјоделски производи и храна, како и една жена, според медицинските служби.