Најмалку три лица загинаа денес, а шест се повредени по експлозија на нафтовод „Пемекс“ во мексиканската држава Оахака, изјави гувернерот на Оахака, Саломон Хара.
Тој изјави дека по експлозијата во градот Лома Ларга, издал упатства за обезбедување на целата потребна поддршка.
„Досега, шест лица се повредени и префрлени на итна медицинска помош. За жал, три лица загинаа во овој инцидент. Моето најдлабоко сочувство до нивните семејства“, рече Саломон во објава на социјалната мрежа X.
