Најмногу дожд – 74 литри на квадратен метар во изминатите 12 часа наврна во скопско Црешево, по што следат Гази Баба со 44 литри, Крива Паланка со 29 и Берово со 22 литри на квадратен метар, покажуваат резултатите од мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)
74 Скопје-Црешево,
44 Скопје-Гази Баба,
29 Крива Паланка,
22 Берово,
18 Скопје-Зајчев Рид, Струмица,
15 Попова Шапка,
13 Скопје-Карпош
12 Претор,
11 Скопје-Ѓорче Петров, Демир Капија,
10 Гевгелија,
9 Кавадарци,
8 Велес,
7 Скопје-Петровец,
5 Тетово,
3 Виница, Маврови Анови, Ѓуриште.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Во овие вечерни часови преовладува променливо облачно време, а слаб локален дожд има во Полошкиот регион. До крајот на денот облачноста ќе се намали и во текот на ноќта не се очекуваат врнежи. Ќе преовладува претежно ведро време.
