Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Маврови Анови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмногу дожд во последните 24 часа наврна во Маврови Анови, 14 литри на метар квадратен. На Попова Шапка наврна 12 литри.

Во Скопје и околината, два литри на метар квадратен.

Времето денеска ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд, а наместа врнежите ќе бидат проследени и со грмежи.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.