Најмногу дожд во Пожаране, Тетово, Крушево – продолжуваат врнежите, појава и на магла

НАЈНОВИ ВЕСТИ

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА во л/м 2 (до 7 часот)
22 Пожаране, 16 Тетово, 7 Крушево, 5 Скопје, Берово, 4 Охрид, Битола, Штип, 3 Претор, Демир Капија, Крушево, 2 Крива Паланка, Прилеп, Струмица, 1 Дојран.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
0 Тетово, 1 Крива Паланка, Куманово, 2 Скопје, Штип, Берово, 3 Крушево, 4 Прилеп, Демир Капија, 5 Битола, Струмица, 6 Охрид, Претор, 7 Гевгелија, 9 Дојран.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Облачно со врнежи од дожд. Утрово појава на магла има во Крушево.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Облачно со врнежи од дожд, на планините на северозапад врнежи од снег. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 л/м 2 ). Поради продор на постудена воздушна маса, врнежи од снег повремено ќе има и на некои повисоки места,особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Максималната температура ќе достигне 8 степени.