НАЈПЛАТЕНИ СПОРТИСТИ: Роналдо ПРВ, а меѓу првите десет тенисери е само Федерер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е најплатениот спортист во светот, откако потпиша договор со судискиот клуб Ал Наср, објави магазинот Форбс.

Роналдо во претходните 12 месеци заработи 136 милиони долари и за прв пат од 2017 година е најплатен спортист во светот.

Најпознатите спортисти во светот:

  1. Кристијано Роналдо (фудбал) 136 милиони долари
  2. Лионел Меси (фудбал) 130
  3. Килијан Мбапе (фудбал) 120
  4. Леброн Џејмс (кошарка) 119,5
  5. Канело Алварез (бокс) 110
  6. Дастин Џонсон (голф) 107
  7. Фил Микелсон (голф) 106
  8. Стеф Кари (кошарка) 100,4
  9. Роџер Федерер (тенис) 95,1
  10. Кевин Дурент (кошарка) 89,1

Втор на листата на Форбс е фудбалерот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси, кој во последната година заработи 130 милиони евра.

Неговиот соиграч Килијан Мбапе е трет со заработени 120 милиони долари, четврти е кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс со 119,5 милиони долари, а петти е боксерот Канело Алварез со 110 милиони долари.

Голферите Дастин Џонсон и Фил Микелсон го заземаат петтото и шестото место со 107, односно 106 милиони долари, а кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари е осми со 100,4 милиони долари.

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер е единствениот пензиониран спортист на листата, тој е деветти со 95,1 милиони долари. Се пензионираше минатиот септември.

Кошаркарот на Феникс, Кевин Дурент е 10-ти со 89,1 милиони долари, кои ги заработи минатата година.

Десетте најплатени спортисти во светот вредат вкупно 1,11 милијарди долари, пред даноци и такси за агенти, што е за 12 отсто повеќе од минатата година.