Најстарата личност на светот почина на 116 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Почина најстарата личност на светот во моментов. Имаше 116 години, и станува збор за калуѓерката од Бразил, Ина Канабаро Лукас. Родена е на 8. јуни 1908 година, а станала калуѓерка во раните 20-ти години.

Ина го славела секој роденден со торта во форма на стадионот на нејзиниот омилен клуб, Интернасионал од Порто Алегре. Таа имала шалови, перници и други реквизити од клубот.

Нејзиното семејство соопштило дека Ина немала познати болести, туку едноставно нејзиното тело „престанувало постепено да работи“.

Сега најстара личност во светот е Етел Катерхем од Англија, која има 115 години.