Најстарата птица во светот донесе на свет подмладок

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најстарата птица (која е позната во светот) на 70 години донесе на свет подмладок.

Имено, албатросот Мудрост повторно стана мајка и тоа на 70 години. Птицата добила принова на 1 февруари на северниот Пацифик, на атолот Мидвеј.

На крајот на јануари, на островот близу Хаваи, биолозите забележале дека нешто се случува и ја информирале јавноста преку социјалните мрежи.

Птицата Албатрос Мудрост започнале да ја следат во далечната 1956 година, и таа успеала да го надживее биологот кој го покренал нејзиното обележување и следење.

Во текот на животот, се верува дека оваа птица донела измеѓу 30 до 36 јајца на свет.

Атолите на Мидвеј се најголемото живеалиште за албатросите, каде милиони од овие птици се враќаат за сезоната на парење.