Утрово најстудено е во Берово со измерени 0 степени.
Следуваат 1 Лазарополе, Попова Шапка, 3 Струмица, 4 Крива Паланка, Охрид, Битола, Демир Капија, Mаврови Анови, 5 Тетово, Прилеп, Kрушево, Велес, Кавадарци, Гевгелија, 6 Скопје-Петровец, Штип, Виница, 7 Скопје-Зајчев Рид.
Најмногу снег има на Попова Шапка, каде висината е 72 см.
Променливо облачно со повремен локален дожд и со услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
