Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -2 степени.
Следуваат 0 степени во Берово и Маврови Анови.
1 степен во Крива Паланка, Kрушево, Лазарополе, 3 во Претор, Виница, 4 во Охрид, 5 во Тетово, Битола, Прилеп, Штип, Струмица, 6 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци, 7 во Гевгелија, 8 во Демир Капија.
Највисока снежна прекривка има на Попова Шапка, 64 cm.
Променливо облачно со повремен локален дожд. На планините во северните делови и на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
