И утрово минусни температури во Македонија на повисоките места. Најстудено беше на Попова Шапка, каде беа измерени -4 степени, додека во Лазарополе, Маврово и Крушево беа регистрирани -2 степени.
Во Тетово, Охрид и Претор нула степени. Битола два степени, додека во Скопје беа измерени 4 степени. Најтопло беше во Гевгелија каде беа измерени осум степени.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Ѓуриште, три литри на метар квадратен. На Попова Шапка има снежна покривка од 10 сантиметри, во Маврово пет сантиметри.