Најстуденото утрово е на Попова Шапка каде се измерени -4 степени.
-3 степени утрово има во Kрушево, -2 во Маврови Анови, Берово, Тетово, Крива Паланка, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово, Битола, Штип, Кавардарци, 0 во Скопје-Петровец, Претор, Струмица, Велес, Охрид, Виница, Гевгелија, Демир Капија.
Висината на снежната покривка изнесува 33 cm на Попова Шапка, 15 во Маврови Анови, 13 Битола, 8 Ѓуриште, 7 Крушево, 5 Тетово, Штип, 2 Берово, Претор, Струмица, 1 Виница, Крива Паланка.
Претпладне ќе биде претежно облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Претпладне ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 4 степен.
