Најстудено на Попова Шапка, измерени 0 степени!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени 0 степени.

Следуваат 2 степени во Крушево и Маврови Анови,  3 во Лазарополе, 4 во Крива Паланка, 5 во Тетово, Виница, 6 во Берово, Охрид, Претор, 7 во Штип, Битола, Струмица, 8 во Куманово, 10 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Кавадарци, Демир Капија, 11 во Велес, и 12 во Гевгелија.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.