Најстудено на Попова Шапка, измерени 0 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени 0 степени.

Следуваат 3 степени во Струмица, Крива Паланка, Mаврови Анови, Берово, Kрушево, Лазарополе, 4 Прилеп, Претор, 5 Скопје-Петровец, Tетово, Скопје-Зајчев Рид, Виница, 6 Охрид, Штип, Битола, 7 Кавадарци, Велес, Демир Капија, 9 Гевгелија.

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во северозападните региони ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.