Најстудено утрово на Попова Шапка и во Берово, -1 степен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утринските температури во земјава се спуштија под нулата на повисоките места, а најстудено беше на Попова Шапка и во Берово каде се измерени -1 степен. Нула степени се регистрирани во Лазарополе и Маврови Анови, 2 во Крушево и Крива Паланка, 3 во Струмица, 4 во Скопје-Петровец, Штип, Пожаране и Претор, 5 во Охрид, Демир Капија, Битола, Ѓуриште, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Прилеп и Тетово, 6 степени во Куманово, Виница и Кавадарци, а најтопло утрово беше во Гевгелија со 7 степени.

Во изминатите 24 часа најмногу врнежи до 7 часот се измерени во Маврови Анови – 10 литри на метар квадратен. Во Пожаране наврнале 6, во Крушево 5, во Претор, Попова Шапка и Лазарополе по 4, во Охрид, Тетово и Битола по 2, а во Прилеп и Крива Паланка по 1 литар на метар квадратен.

На Попова Шапка утрово е измерена снежна покривка од 55 сантиметри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Претпладне се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на планините во северозападниот дел од земјата врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе биде поизразен долж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд во претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а максималната температура ќе достигне до 11 степени.