Берово со нула степени утрово беше најстуден град во Македонија. Два степени беа измерени во Струмица, три во Битола и во Тетово, додека четири степени во Скопје, Куманово, Лазарополе, Демир Капија и Крива Паланка.
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината со слаба магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.


