Берово со -4 степени целзиусови степени беше најстудениот град утрово во Македонија.
Покрај Берово, минусни температури беа измерени и во Скопје Петровец и Битола каде имаше -3 степени. Во Тетово, Штип и Струмица -2 степени, Крива Паланка, Демир Капија и Маврово -1 степен. Нула степени беа измерени во Прилеп, Велес, Кавадарци и Гевгелија.
Во Скопје (Зајчев Рид), Охрид, Претор беа измерени 1 степен, два во Виница, Крушево и Попова Шапка, додека во Куманово беа измерени пет степени.
