Најстудено утрово во Берово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Минималната температура утрово е измерена во Берово и изнесува 1 степен Целзиусов. Во Крива Паланка и Струмица се измерени 2 степени, 4 степени во Тетово, 5 во Прилеп и Охрид, 7 степени во Скопје-Петровец и Виница, додека највисока минимална температура од 8 степени е регистрирана во Куманово.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег. На планините се очекуваат врнежи од снег. Пообилни врнежи се прогнозираат во западните делови од земјата. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 6 до 12 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, а максималната температура ќе достигне до 11 степени.