Студено утро низ државата, со најниски -5 степени во Берово. Во Струмица и Битола беа измерени -4, а -3 степени во Скопје – Петровец, Демир Капија и Тетово. Прилеп и Велес се разбудија на -2, додека на повеќе места беа забележани -1 степен.
Во Дојран, Крива Паланка, Куманово и Крушево температурата се движеше околу 0 степени, додека во Гевгелија и Охрид беше измерен 1 степен. Најтопло утринава беше во Виница со 2 и во Ѓуриште со 4 степени.
На планинските места продолжува да има снежна покривка. До 7 часот најмногу снег е измерен на Попова Шапка – 24 сантиметри, додека во Маврови Анови и Крушево снежната покривка достигна до 9 сантиметри.
Дневната прогноза најавува променливо облачно и тивко време со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а максималните температури ќе се движат од 6 до 13 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и тивко, со можност за утринска и претпладневна магла. Максималната дневна температура во главниот град се очекува да достигне до 9 степени.
