Најстудено утрово во Берово -6 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најстудено утрово беше во Берово -6 степени. После Берово следуваа Скопје, Битола, Демир Капија и Струмица со -4 степени.

Минимални температури утрово во 8:30 часот.

-6 Берово, -4 Скопје-Петровец, Битола, Демир Капија, Струмица, -3 Тетово, Штип, Куманово, Велес, Кавадарци, -2 Скопје–Зајчев Рид, Крива Паланка, Прилеп, Гевгелија, -1 Претор, Виница, 0 Охрид, Mаврови Анови, 1 Лазарополе, 2 Попова Шапка, 3 Kрушево.

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко. Во утринските часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.