Берово со нула степени беше најстуден град утрово. Следуваат Битола и Маврово и Лазарополе со три степени, според мерењата на УХМР во 8:30 часот.
Најмногу снег и натаму има на Попова Шапка – 57 сантиметри.
Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во текот на ноќта ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.
