Најстудено утрово во Берово и во Виница каде беа измерени -4 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најстудено утрово беше во Берово и во Виница, каде беа измерени -4 степени. После нив следуваат Крива Паланка со -3, додека -1 беше во Прилеп, Струмица, Тетово и Маврово.

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС):

-4 Берово, Виница, -3 Крива Паланка, -1 Прилеп, Струмица, Тетово, Mаврови Анови, 0 Штип, Кавадарци, 1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Демир Капија, Велес, 2 Охрид, Kрушево, Гевгелија, 3 Претор.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од  југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.