Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -5 степени, додека -2 степени се регистрирани во Маврови Анови. Температура од -1 степен е измерена во Битола, Струмица, Крива Паланка и на Попова Шапка. Нула степени се измерени во Скопје-Петровец, Прилеп, Куманово и Претор.
Во Велес, Крушево, Демир Капија, Тетово, Гевгелија и Штип утринската температура изнесувала 1 степен, додека 2 степени се измерени во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и Охрид. Најтопло утрово било во Виница со 3 степени.
Снежна покривка од 54 сантиметри е измерена на Попова Шапка.
Според прогнозата, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а максималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 18 степени.
