Утрово низ земјава е измерено значително студено време, со минимални температури под нулата во поголемиот дел од регионите. Најстудено било во Берово со измерени -8 степени, додека -6 степени се регистрирани на Скопје-Петровец. Температури од -5 степени се измерени во Струмица, Битола, Крива Паланка, Штип, Прилеп и Демир Капија. Во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, Кавадарци и Виница минималната температура изнесувала -4 степени, додека во Охрид, Претор, Куманово и Маврови Анови биле измерени -3 степени. Во Гевгелија и Крушево утрово било -1 степен, а на Попова Шапка измерени се 0 степени.
Времето во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец, со брзина која на одредени места ќе надминува 60 километри на час. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 4 до 10 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне околу 7 степени.
