Најстудено утрово било во Берово каде се измерени -6 степени.
Следуваат -3 Mаврови Анови, -2 Битола, Крива Паланка, Попова Шапка, Струмица, -1 Скопје-Петровец, Тетово, Претор, Штип, Прилеп, 0 Кавадарци, Демир Капија, Велес, Пожаране, Kрушево, Охрид, 1 Виница, 2 Скопје-Зајчев Рид, Ѓуриште, 3 Гевгелија.
Најмногу снег има на Попова Шапка, каде има 80 см снег.
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
