Најстудено утрово во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово најстудено е во Берово каде се измерени -4 степени.

Следуваат -3 степени на Попова Шапка, Крива Паланка, -2 во Пожаране, Тетово, -1 во Скопје-Петровец, Тополчани, Маврови Анови, 0 во Велес, Демир Капија, Битола, Претор, Скопје-Зајчев Рид, Кавардарци, Прилеп, 1 во Kрушево, Штип, Охрид, Виница, 2 во Куманово, Гевгелија, 3 во Струмица.

Најмногу снег има на Попова Шапка каде се измерени 30 см, додека пак 11 см има во Маврови Анови, а 4 во Крушево.

Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12 степени.

Во Скопје, променливо облачно претпладне со појава на магла, попладне со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.