Најстудено утрово беше во Берово, Попова Шапка, Маврово и Пожаране, каде беа измерени нула степени. Во Крива Паланка, Крушево, Прилеп и Тетово беа измерени еден степен.
Најмногу снег има на Попова Шапка 45 сантиметри, додека во Крушево има 16 сантиметри. Во Маврово висината на снежната покривка изнесува девет сантиметри.
Времето денеска променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
