Најтсуден град утрово беше Крушево со измерени два степени. После него следуваат Берово и Маврово со пет степени. Во Крива Палнка и Лазарополе беа измерени по шест степени. Во Битола, Прилеп и Тетово измерени седум степени, во Скопје осум, Кавадарци, Велес, Виница и Штип по девет. Најтопло беше во Гевгелија и Струмица со 11 степени.
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Охрид, 34 литри на метар квадратен, во Гевгелија 25, во Пожар-Радовиш 17, исто како и во Претор, додека во Крушево наврнаа 14 литри на метар квадратен.
Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максимална температура до 17 степени.
