Попова Шапка со нула степени утрово беше најстуденото место во Македонија. После него следуваат Крушево и Маврово со два степени, па Лазарополе со три степени.
Најтопло утрово беше во Гевгелија, каде беа измерени 12 степени, додека во Велес беа измерени 11 степени.
Најмногу дожд во последните 24 часа наврна во Крушево, 10 литри на метар квадратен.
Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.