Утрово најстудено е во Берово каде се измерени 0 степени.
Следуваат: 1 степен во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Демир Капија, 2 во Битола, Кавадарци, Струмица, Kрушево, Mаврови Анови, Лазарополе, 3 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Тетово, Охрид, Прилеп, 4 во Штип, 6 во Виница, Претор, 7 во Гевгелија.
Облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.
Во Скопје, облачно, во делови од котлината со појава на слаба магла. Во текот на денот ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
