Утрово најстудено е во Берово каде се измерени 4 степени.
5 степени има во Струмица, 9 во Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци, Куманово, Тетово, Крушево, Маврови Анови, 10 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Гевгелија, Лазарополе, 12 во Прилеп, 13 во Битола, Виница, 14 во Демир Капија, Велес, Штип.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа има во Лазарополе каде се измерени 22 l/m2, а следуваат 8 l/m2 Маврови Анови, 7 l/m2 Пожаране, 6 l/m2 Попова Шапка, 5 l/m2 Тетово, 4 l/m2 Крушево, 2 l/m2 Скопје–Зајчев Рид, 1 l/m2 Скопје-Петровец, Струмица.
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
