Најстудено во Битола, измерени -3 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово најстудено е во Битола каде се измерени -3 степени.

-2 степени има во Скопје – Петровец, Берово, Струмица, -1 во Тетово, Демир Капија, Велес, 0 во Скопје–Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Прилеп, Mаврови Анови, Гевгелија, 1 во Куманово, 2 во Крива Паланка, Охрид, Претор, Виница, 4 во Попова Шапка и 5 степени во Kрушево.

Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Претпладне наместа има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.