Времето во земјава денеска е променливо облачно со слаб до умерен, а на места и засилен ветер од северен правец. Според метеоролошките податоци, во текот на денот се очекуваат и услови за локален слаб дожд.
Максималните температури денеска се движеа од 1 степен на Попова Шапка до 16 степени во Гевгелија. Во Скопје се измерени 13 степени, додека во повеќе градови температурите беа во интервал од 10 до 15 степени.
На планините и понатаму има снежна покривка, при што на Попова Шапка се измерени 58 сантиметри снег.
Утре времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од -3 до 5 степени, додека дневната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје се очекува слично време, со температура до 19 степени.
Во наредните денови се очекува промена на временските услови. Во четврток времето ќе биде стабилно, суво и потопло, со умерен до засилен ветер од јужен правец. Од вечерта, под влијание на циклонска активност, ќе следува период на нестабилно и постудено време со врнежи од дожд.
Најобилни врнежи се очекуваат во петок, кога ќе има услови и за ретки грмежи. Со продорот на постуден воздух, на планините и повисоките места дождот ќе преминува во снег.
