Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од АМСМ. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка, но засега без задржување на коловозот.
Намалена видливост поради појава на магла е забележана на неколку планински премини – на Плетвар видливоста е до 100 метри, на Стража до 80 метри, а кај Крушево до 30 метри, што дополнително го отежнува одвивањето на сообраќајот.
Од 15 ноември 2025 година во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2026 година.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење според условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури каде постои опасност од одрони. Посебна претпазливост се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
