Состојки:
– 250 гр рендано сирење
– 3 варени јајца
– 1 кесичка мајонез
– 2 чешниња лук
– 1 лажица сецкан магдонос
– 2 лажици мајчина душица
– сол, бибер
– малку сок од лимон
Подготовка:
Изрендајте го сирењето, додадете исечкани јајца и измешајте сè со вилушка.
Потоа додадете сецкан лук, мајчина душица и мајонез, и посипете ги со биберот и евентуално малку сол.
Измешајте добро и оставете го на ладно.
Намазот може да стои до четири дена во фрижидер, во покриен сад.
Се служи на потпечено лепче или на крекери, попрскани со свежа мајчина душица.
Пријатно јадење!