Наместо објект „Мајка Тереза“ грдотија на плоштад! – Грчев: Се крадеа милиони во името на хуманистката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се промовираше со помпезност, но сега е оставен во заборав! Објектот познат како Споменикот „Мајка Тереза“ почна да се гради во времето кога Груевски беше на власт, но со доаѓањето на Заев беше донесена одлука за стопирање на работите и на „Триумфалната порта“, како дивоградба, кои не можат ни да се легализираат бидејќи се градат врз јавни патишта.

„Ова што го гледате точно во центарот на Скопје е напуштена фонтана повеќе од 10 години, изгледа како руина претворена во депонија затоа што овој проект остана недовршен со владина одлука и најверојатно се бара дислоцирање на споменикот „Мајка Тереза“, кој никогаш не беше завршен со сите тие средства што беа издвоени“, вели репортерот на ТВ21.

Оваа полузавршена инвестиција се претвори во грдотија на централниот плоштад во Скопје. Дури и засолниште за наркомани! Депонија и засолниште за бездомните кучиња.

Архитектот Мирослав Герчев, кој беше претседател на Надзорната комисија на проектот „Скопје 2014“, рече дека спомен обележјето треба да се премести оттаму бидејќи е неовластена градба, како и многу други споменици.

Од Министерство за култура велат дека е прекината градбата на овој проект. До новата одлука од актуелната влада, не се знае дали работите ќе продолжат, ќе се дислоцира или руинира.

„Секторот за инвестициони работи известува дека во Министерството немало објект кој е насловен како Мајка Тереза, ве информираме дека тоа е Објект со скулптурална композиција“, велат од МК.

Инаку на објектот не се работи, односно работата е прекината поради донесена одлука од претходната влада за прекин на работите.

Ова спомен-обележје во 2013 година најави дека ќе го гради индискиот бизнисмен Субрата Рој, на чија компанија „Сахара Глобал“ и беше доделена градежна парцела од 621 м2 на плоштадот „Македонија“.

По скандалот и апсењето на индискиот бизнисмен, поранешниот премиер Груевски изјави дека споменикот ќе се гради од државниот буџет кој чинел ни помалку ни повеќе туку 5.611.095 евра. Овој проект го реализираше Градежниот институт „Македонија“, а Министерството за култура на конкурс ја избра компанијата „Бетон“. Ватикан, исто така, повика ова спомен-обележје да биде завршено и легализирано на местото каде што е започнато.